Јакимовски: Со вакви задолжувања на владата годишно ќе се плаќаат 350 милиони евра по однос на камати или се фрла во вода секоја година пат од 40-50 километри

Корона крзиата на површина ги извади сите слабости на општството, а власта не успева да се справи. Еве петтиот пакет мерки нема да има субвенции за плати ќе им се дава можност за бескаматни кредити, не моѓе така еднаш субвенции еднаш кредити. А на фирмите ќе им требаат свежи пари кога ќе почнат да работат, нив тогаш им требаат средства, рече лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Заспиј ако можеш.

Потсети дека досега 53.400 лица ја изгубиле работата, осврнувајќи се на економските параметри во земјава.

„Само во декември месец владата направила 250 милиони евра дефицит што е колку дефицит од цела претходна година. Вучиќ соопштува конкретни мерки и кога го прашуваат тој вели тоа се српски пари не земаме кредит. За разлика од нив ние направивме енормни задолжувања и ќе треба да враќаме над 350 милиони евра само камати годишно. Тоа е колку патот Демир Капија – Смоквица, или ќе фрламе во вода патишта од 40 до 50 километри“, кажа Јакимовски.

Според него Македонија лошо стои и кога станува збор за инвестиции.

„2,9 милијарди евра странски директни инвестиции имаше во Србија, а сите заедно во регионот имаат милијарда и пол. Од Македонија и бегаат инвеститорите“, рече Јакимовски.