-Не е точно дека Владата ќе ги укине субвенциите за струјата од 1-ви јули, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Како што истакна тој, има одлука за субвенционирање до 30-ти јуни, а следната влада, која што вели Битиќи, повторно ќе ја предводи СДСМ и ќе биде спремна да направи одлуки што се битни за граѓаните.
-Ако дојде друга Влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи.
Цената на електричната енергија на регулираниот пазар во овој момент е субвенционирана со 84 отсто од државата и субвенционирањето ќе продолжи до носењето на следната одука за цената на струјата.
Во 2022 година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека во 2023 беа поддржани со субвенции над 8.500 домаќинства во државава.