Aко ДПМНЕ не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада нема зошто ниту СДСМ да ги гласа

Ако ДПМНЕ не гласа за техничката влада и не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада, тогаш нема зошто ниту пратениците од СДСМ да ги гласаат, велат од владејачките социјалдемократи.

„Aко не заслужуваат предлозите од ДПМНЕ поддршка од пратениците од ДПМНЕ нема основа да се бара тоа од другите пратеници.

Во таков случај местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети.

ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии што имаат министри во техничката влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада“, се вели во соопштението на СДСМ.