Ако државата не се грижи за нас, си се имаме ние меѓусебно – граѓаните донираат за Леонид

Кога немаме држава да се грижи за нас, си се имаме ние меѓусебно. Деветнаесетгодишното момче Леонид е последен во низата случаи за кои граѓаните се мобилизираат на социјалните мрежи да донираат за да му помогнат да се рехабилитира во странство откако Фондот за здравство го одбило барањето на неговите родители да им помогне, што предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

– Правилникот на ФЗО мора да се смени. Многу животи и многу семејства се оставени сами на себе.

– Да им покажеме на инситуциите дека сме поодговорни од нив

– Кога државата не сака, ние можеме…

Фондот вчера соопшти дека барањето било одбиено бидејќи медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во земјава со кои склучил договор.

„Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот. Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи“, велат од ФЗОМ.

Младиот Леонид Индов пред две недели со медицински транспорт со хеликоптер беше префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат. Транспортот на Леонид до Виена беше прв од таков вид во државава за што надлежните се пофалија и со видео материјал. Опремата на медикоптерот е донација од Европската Унија, а лекарски тим од „8ми Септември“ го придружуваше момчето се до клиниката во Австрија. Тој летово доживеал тешка несреќа што предизвикала сериозна повреда на рбетниот мозок.

Вкупната сума за неговото лекување изнесува 140 илјади евра за која семејството побара помош и од хуманите луѓе. И додека семејството се надева на промена на одлуката на Фондот , телефонските броеви за донации остануваат отворени,