Унгарија ќе гласа за шестиот пакет санкции против Русија, кој вклучува ембарго на испораките на нафта, доколку Европската унија ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави во Варшава претседателката на Унгарија, Каталин Новак.
„Унгарија, од енергетска гледна точка, е во многу комплицирана ситуација. Ние гласавме за сите претходни пет пакети санкции. Би му била многу благодарна на полскиот претседател Анджеј Дуда, доколку нѐ поддржи да ги добиеме потребните услови за може да гласаме за шестиот пакет“, рече Новак на заедничката прес-конференција со Дуда, пренесува Спутник.
Таа посочи и дека стабилизацијата во областа на енергетиката е во интерес на Унгарија и дека е неопходно за зачувување на суверенитетот и енергетската безбедност. Но, според неа, за тоа се потребни финансиски средства.
Новак истакна дека поради тоа унгарските власти бараат од Дуда да ги поддржи за добивање на сите средства од ЕУ за реконструкција, кои беа наменети за Будимпешта.