Ако ги јадете животните „од муцката до опашот“, ја спасувате планетата

Доколку ги јадете сите делови од животните кои се одгледувани за исхрана можете значително да го намалите емитувањето на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, велат експертите апелирајќи до љубителите на месото да помогнат во борбата против глобалното загревање.

Одгледувањето на животните е поединечно еден од најголемите предизвикувачи на споменатите штетни гасово, а една меѓунардона студија која ја спровело Американското здружение на хемичарите ги анализирал стратегиите како да се намалат ефектите. Уврдиле дека подоброто искористување на животните, односно консумирањето на сѐ „од муцката до опашот“, може да има значителна улога.

Емисиите на ткн стакленички гасови би можело дополнително да се намалат кога месото не би се фрлало во супермаркетите, домовите и рестораните, како и кога подобро би се искористувало за одредени нуспроизводи. Стручњаците проценуваат дека комбинацијата на овие стратегии би го намалила испуштањето на овие гасови од синџирот за проиводство на месо за 43 отсто во однос на нивото од 2016 година.

Производството на месо во Европската унија пораснало за 16 отсто од 1990 до 2016 година, додека консумирањето се зголемило за 13 отсто, покажуваат податоците на OECD и на FAO, агенцијата за храна при Обединетите нации. Тоа значително придонело за емисиите на стакленичките гасови, бидејќи одгледувањето на животните за исхрана бара и поевеќе обработлива почва, вода и енергија од производството на храна од растенија, велат научниците.