Во денешно време, често голем дел од задачите и обврски паѓаат на товар на мајките, но не би требало да биде така. Сепак, многу жени можат да се пофалат со мажи со кои заеднички ги делат обврските и задачите во бракот и семејството.
Ова се 5 знаци кои покажуваат дека тој е одличен татко.
Тој се грижи за своите деца вистински
Тој не смета дека улогата на жената е целосно да биде одговорна за своите деца. Тој вистински се интересира за тоа што се случува во нивните животи и сака да биде тука за своите деца кога, за сите нешта со кои тие се соочуваат.
Тој има свои шеги со децата
Можете да ги забележите како меѓусебно зборуваат смешни работи кои вие не ги разбирате. Тоа значи дека времето кое го минува со нив се обидува да ги расположи и насмее.
Тој нема проблем да создаде хаос и да се однесува како дете
Ќе го видите на подот како се валка заедно со нив или како се однесува како мало дете покрај нив. Тоа покажува дека тој обожава да минува време со нив и се труди да се поврзе со нив на овој начин.
Тој ги знае имињата на нивните пријатели
Ги знае имињата на нивните пријатели и малите ситни нешта кои тие ги спомнале за нив. За него е важно со кого децата го минуваат своето време и се труди да ги запамети тие информации.
Другите мајки ви се љубоморни
Сте се нашле во ситуација некоја пријателка да ви каже дека имате среќа што имате таков сопруг? Епа, верувајте им, бидејќи тие подобро ги гледаат работите од страна.