Во име на мојата општина, на 4 февруари полагам цвеќе на гробот на Гоце Делчев. И годинава сме пријавени и очекувам одобрување. Апелирам до граѓаните на достоинствен начин да го испочитуваме ликот и делото на Делчев. Исто така, апелирам до оние кои ќе дојдат од Бугарија да покажат достоинство оти доаѓаат да почитуваат еден голем ревелуционерен лик. Не смееме да забрануваме некој да влезе во земјата, но полицијата и безбедносните служби треба да ги детектира личностите кои сакаат да направат проблем и тоа да го решат со време.
Ова го истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Студио 10 на ТВ24.
Куманово е мултикултурен град на толерантни луѓе, вели Димитриевски за најавите за отворање уште еден бугарски клуб овојпат во Куманово.
-Кај нас сите се добредојдени, ако сте добронамерни. Ако не сте добронамерни и нѐ негирате, кумановци од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат. Ако има обид да се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе ги повикаме официјалните, државните служби да реагираат. Ако тоа не се случи, никој не може да ги спречи кумановци да се самоорганизираат, вели Димитриевски.