![kjoseto](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/kjoseto.jpg?resize=640%2C342&ssl=1)
Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето, бил револуционер, а не убиец, согласни се историчарите. Некои опозициски структури се обидуваат да ја маргинализираат улогата на Ќосето во историјата, но историчарите се децидни дека тие што ја критикуваат неговата улога, не ја познаваат доволно сопствената историја, пишува порталот „Курир“.
Уредникот на „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“ кој отворено ги брани политиките на СДСМ, Бранко Героски, во своја колумна остро го нападна поставувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев во Скопје и неговата улога во македонската историја.
-Уф, голема полемика затеравме за споменик на еден мал човек. Така е тоа кога некој сака нè направи малоумни, да ни покаже, па и уште да ни докаже, дека Андон Ќосето е парадигма на Македонецот, дека ние Македонците имаме само војсководци, генерали, комити и ајдуци за славење (некој спомна и специјалци – Ќосето, демек, бил првиот македонски специјалец!), дека државите се градат само со гнев и со кама, а не и со перо, не со стетоскоп, не со сликарска четкичка и не со многу други алатки што служат за создавање вредности во науката, уметноста и културата воопшто. Споменикот на Ќосето ќе им го подариме да си го однесат и да си го гледаат во дворот на затворот во Идризово., напиша Героски.
Сепка, историчарите се согласни дека Андон Јанев Ќосето имал голем придонес во македонската револуционерна борба кон крајот на 19 и почетокот на 20.век. Тие потенцираат дека кога станува збор за помалку познати личности, да остават работите да ги објаснат историчарите, без да се политизираат работите.
Героски, кој за Ќосето вели дека е “џелатот што убил сто души за сто години живот“, очигледно смета дека револуционерите се бранеле со молчење. Доколку Андон Јанев е виновен што убивал државни непријатели, тогаш по логиката на Героски виновни се и Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, Никола Карев и партизаните.
Историчарот Никола Жежов вели дека Ќосето бил ценет војвода и човек од доверба кој уште од најмали години се вклучил во македонското револуционерно движење. Најпрво соработката со организацијата започнала преку Даме Груев како член на ЦК. Наредбите што ги изрекувала организацијата за евентуални казнувања и смртни пресуди на шпиони, предавници и претставници на најразлични балкански пропаганди врз Македонија во тој временски период ги извршувал токму Ќосето, посочи Жежов.
– Тоа што Ќосето го извршувал, односно евентуални смртни пресуди била изречена од самиот ЦК на ВМРО. Покрај Даме Груев лично со Ќосето соработувал и му давал наредби Христо Татарчев -првиот пртседател на ЦК на ВМРО. Подоцна кога Ќосето станал комита и војвода неговата соработка била огромна и со Гоце Делчев, дури во моментите кога Ќосето ги запишувал своите спомени и му ги пренесувал на еден бугарски историчар кога зборувал за Гоце Делчев плачел како мало дете и тоа на 70-80 годишна возраст. Тој имал извонредна соработка и со војводата Јане Сандански, неговото учество не е само во ликвидации на предавници и шпиони туку учествувал и во разни киднапирања на претставници од турската власт за кои подоцна организацијата побарувала паричен откуп и на тој начин доаѓала до парични средства, потенцираш Жежов.
Околу кампањите за оцрнување на ваквии големии историски имиња, историчарот Жежов, смета дека за тоа делумно придонесува фактот што досега во Р.Македонија многу малку пристигнувало литература за ваквите војводи, кои, како што рече, и се недоволно познати на македонската јавност.
Стручната јавност потсетува дека Ќосето учествувал во Илинденското востание, а своја чета имал во југоисточниот дел на Македонија. Професорот Ванчо Ѓорѓиев вели дека критиката на делувањето на Ќосето се должи на некомпетентност и непознавање на сопствената историја.
-Се работи за инсинуации кои доаѓаат од некомпетентни луѓе. Тие не ја познаваат ниту историјата на организацијата, ниту нејзините цели. Ќосето десет години посветил на македонската револуционерна борба. Човек кој е од доверба на Централниот комитет на организацијата. Ангажиран е од благајникот и можеби најагилниот човек на организацијата Даме Груев, потоа на Христо Татарчев и на Гоце Делчев. Андов Ќосето бил целосно под инструкции на Гоце Делчев. Учествува во безброј акции кои ги извела македонската револуционерна организација, од прибирање материјални средства, за одбрана на членството, за заштита на населението од разни насилници и натрапници во тоа време. Тој делува не само против османлиската власт туку и против останатите пропаганди во Македонија. Ќосето бил целосно и до крај посветен на организацијата. Ако одиме по логиката на девалвација на делото на Ќосето треба во ист кош да ги ставиме сите револуционери од 1903 и борците од 1941 до 1944, посочи Ѓорѓиев.