Ако машините се криминални нека ги обвинат и Центар и Струмица

Во СДСМ како да имаат вода во уши и песок во очи, ако машините се криминални нека ги обвинат и Центар и Струмица. Истите машини за бележење на коловоз се купени од страна на општините Центар и Струмица, каде што градоначалници се од СДСМ, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДСМ. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДСМ дека може да се набави. Оттука следствено на тоа ЈО треба да отвори истрага и за нив. Па оттука може да се каже дека што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот. Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики. Но реалноста е сосема друга. Реалноста е дека машините се од најдобриот американски производител GRACO, и исти такви имаат набавено и голем број на приватни субјекти. И Општина Велес и Општина Битола сега имаат најсовремени машини за бележење на коловози, и тоа ќе го прават сами, наместо да плаќаат скапи тендери секоја година. Не поминуваат манипулациите на СДСМ. Народот јасно препознава што е добро, а што не. Никогаш не било полошо од сега со СДСМ. Затоа важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.