Ако оцениме дека треба, ќе бараме притвор и за Мијалков

Истражната постапка за случајот „Империја“ ќе се проширува и ако СЈО процени дека има какви било индиции ќе биде побара мерка притвор и за други лица, вклучувајќи го и Сашо Мијалков, оти, како што кажа обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, во Република Македонија нема недопирливи личности.

За бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски, во изјава за медиумите обвинителката Стефанова посочи дека Специјалното јавно обвинителство немало никаква вина што Груевски побегнал од Република Македонија.

Специјалната обвинителка и во судница и во изјава пред медиумите нагласи дека осудениот Груевски побегнал на очиглед на сите институции и дека судот е тој што претходно кога беше поднесено обвинението за „Титаник“ не ги сфатил сериозно укажувањата на обвинителството за можноста за бегство и наместо притвор за обвинетите определил поблаги мерки.