Доколку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги прифати барањата на компаниите за снабдување со топлинска енергија, парното би можело да поскапи за над 50 проценти, објави ТВ Телма.
Компаниите веќе ги доставиле пресметките до комисијата, а две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Во РКЕ добро ќе се разгледаат нивните трошоци и за околу 10 тина дена, би се знаела новата цена на парното, која ќе важи од први август. ДДВ-то за топлинска енергија, пак, останува 5 отсто, и засега нема најава дека ќе се менува.
Каква ќе биде цената на гасот, пак, во следниот период ќе зависи од европските земји.