Ако САД воведат санкции трговските договори веќе не важат

Ако САД воведат трговски санкции кон Кина, вклучувајќи зголемување на тарифите за челик и алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете земји веќе нема да биде валиден, изјави официјален претставник на Пекинг.

Изјавата беше објавена по разговорите на американскиот министер за трговија, Вилбур Рос со кинескиот вицепремиер, Ли Хео, објави АП.

Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен и конкретен напредок“, но повеќе детали засега не се познати.