Ако сакате разрешете ме ама пауза не ви давам

Ако сакате поведете постапка за моја интерпелација од функцијата претседател на Комисијата за надворешни работи ама пауза не ви давам.

Ова му го рече денеска Антонио Милошоски од ВМРО на Артан Груби, кој побара пауза од еден час, по отчетот на Никола Димитров.

– „Барам стенографска белешка за да можам да се подготвам за мојот говор оти министерот зборуваше саат и половина, а не можев да го чујам“, рече Груби, а Милошоски му рече дека може да бара интерпелација за него но дека пауза не му дава.