Ако сте повикани на Суд јавете се за да не ви наплатат

Граѓаните кои ќе бидат повикани во Судот се должни да се јават без разлика по кој основ се повикани со цел да се постигне поголема ефикасност на постапиките. Доколку повиканите не се појават, тие се должни сами да ги платат трошоците за нивното спроведувување од страна на Министерството за внатрешни работи, а по наредба на Судот, соопштува Основниот Суд Скопје 1.

Без разлика дали сте повикани како обвинет, оштетен, приватен тужител, бранител, законски застапник, полномошник, сведок, вешто лице, преведувач, толкувач или стручно лице ако не се јавите на поканата, судиите ќе го применат членот 104 од Законот за крвивчна постапка во кој се вели:

Screenshot_2

Со посебно решение неприсутитните ќе бидат задолжени да ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапката кои ќе произлезат заради нивното неоправдано отсуство. Овие решенија ќе бидат изготвени без разлика на исходот на кривичната постапка, односно дали ќе биде со ослободителна, одбивателана или осудитална одлука, бидејќи се реални трошоци на постапката по вина на некој од наведените учесници.

Воедно овие решенија, судиите ќе ги изготвуваат веднаш по завршување на главата расправа или главниот претрес во кој ќе се јави ваква ситуација, и веднаш ќе направат експедиција на решението до надлежните служби за наплата. На ваквото решение предвидено е право на жалба до Кривичниот совет на судот.

Оваа информација е неменет пред се за подигнување на свеста кај граѓаните без разлика на нивната улога во одреден судски процес, да имаат поголема почит не само кон судот туку и кон останатите странки во постапката. Воедно со овие решенија сметаме дека би се отстраниле пречките кои најчесто довоедуваат до одложување на постапките и нивно одолговлекување.