
Моментално во Србија има наезда на стршлени, чиј убод може да биде смртоносен. Малкумина знаат дека доколку го убиете овој инсект, дури и во самоодбрана, може да добиете казна од 500 илјади до 2 милиони динари!
Во голем број случаи смртоносниот стршлен, во Србија е заштитен вид кој не смее да се убива.
Овој најголем непријател на пчелите кој е важен поради одржување на еколошката рамнотежа се наоѓа на црвената листа на загрозени видови.
Директорката на Заводот за биоциди и медицинска екологија, Драгана Деспот објаснува дека заштитата на стршленот, како и други животни е регулирана со Правилник.
-Казните кои следуваат доколку некој ве види и пријави дека сте убиле стршлен или некој друг заштитен вид се регулирани со Законот за заштита на природата, вели доктор Деспот.
Според овој закон строго е забрането да се улови, држи или пак убие заштитен вид животно во сите фази од биолошкиот циклус, да се уништуваат нивните развојни облици, како и подрачјата на нивното размножување, одмарање или пак да се загрозува или уништува нивното живеалиште.
Доколку некој постапи спротивно на овие одредби, му се заканува парична казна од 500 илјади до 2 милиони динари.
Оние кои немаат пари да ја платат казната, ќе завршат во затвор.
Стршлените моментално се многу активни бидејќи подготвуваат храна за зимскиот период, а во тоа им пречи присуството на луѓе, кои се наоѓаат во близина на овошките исто како и нив.
Тоа ги иритира, па стануваат агесивни, поради што напаѓаат луѓе.
Да се потсетиме, на почетокот на месец август по убод од стршлен почина четириесет и петгодишниот Ѓоко Радовановиќ од Горни Милановац, а претходниот викенд убод на дури четири стршлени преживеа педесет и тригодишниот Бојан Ѓорѓевиќ од рудничкото село Љутовница.