Порано овде се туширавме… и никого не го болеше уво… можеби затоа ние се цениме и почитуваме на некој чуден начин колку и да не се согласуваме… не овде не се бањаше никој друг освен глумците, глумиците и чуварите. Ни директорот, ни публиката, режисери, сценографи или пак костимографи или драматурзи. Само ние, напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил, споделувајќи фотографии на кои се гледаат условите за работа на актерите во времето на владење на СДСМ.
„А ова е мојата гардероба. Место во кое што со колегите се мрзневме дури се концентрираш, повторуваш текст, седиш за време на проба и учиш или пробуваш. Тоа е лавабо. Во него се миевме после претстава. Еднаш на него никна печурка. Таму бевме до пред четири години.
Некогаш во таа барака биле Драма, Опера, Балет, и Филхармонија. До изградбата на Скокалницата карши Мавровка. Замисли. 80 и некоја“, додава Михајловски.
„Прокиснуваше и кога не врнеше. Како да извираше од цевките говнаруши. И извираше. Или они се зноеја. А тек кога врнеше. А па кога имаше снег. Или ветер. Ѕивра анасамбл. Надвор беше потопло. Промаја и шуга на сите страни. У џебовите од костимите неретко гомце од глувче, или благ мирис на мачкина урина. За среќа и против уроци. На костимот, посебно ако е капут или сако можеше да се прочита, со најлошиот ракопис напишано името на тој што го носел. Петре, Илија М, Илија Џ, Душко, Шиле и др. На секое имаше по неколку. И нашите со најтазе маркер а истиот ракопис. Ја мислам дека некои не беа испрани од донесувањето во фундусот. Ама во нив ги направивме скоро сите ликови. Ништо од ова не ни сметаше да креираме. Да ги забавуваме, расплакуваме, или убиваме од досада оние што доаѓаа да не гледаат. А на почетокот никој не доаѓаше. У МНТ, пустош у публика. Драмски три месеца распродаден. Чија си, Шприцери, кај нас “железен репертоар”. Заварен. Никој не го гледа. Па после почнаа да идат. Се повеќе и повеќе. Па не идеа. Па пак почнаа. И постојано така доаѓаат и си одат луѓето. Остануваме секогаш ние. Актерите, техниката и бифеџиите. Остануваме и по 12 до 16 часа. Луѓето утре може нема да дојдат. Ние да. Сме доаѓале и кога сме најболни и сме играле, со скршени нозе и раце, шинат врат, 39,2 температура, 4 дена после операција на кила. Никој не приметил. Не можат и да сакаат. Доаѓаат и си одат. Некои не ни влегле на претстава. До бифе и толку. И трпиме све за уметноста, и не бараме друга награда освен аплауз. И да сакаме кај нас друго и нема.
Ама не трпиме неправда и нечовечност. Таков е МНТ. Сме одложувале претстави за неплатени хонорари, затоа што замениле колега, затоа што колега не дошол, затоа што бил издрогиран или пијан ретко сме одложувале но сме одложувале, сме “бутнале” претседател на Чернодрински после 27/8 год. Драмски е создаден од глумци од МНТ кои си отишле незадоволни од управувачката структура. Направиле куклен театар, па детско младински, па Драмски. Бунтовничко, и човечко е тоа гнездо на “наркоманијата и развратот” ко про милуваат да кажат често нашите пријатели критичари. Имам уште многу работи да ви кажам зошто се “сакаме” и го сакаме МНТ. Ама не мора“, пишува актерот на Фејсбук.