Вчерашниот упад на активисти и членови на СДСМ во театрите наиде на остра осуда од страна на актерите.
Aктивисти и членови на СДСМ, истите оние кои протестираат и седат во кампот пред Владата и кои се на секој протест на СДСМ, синоќа направија упад и прекинааа театарска претстава. Актерот Тони Михајловски објави статус на Фејсбук во кој го осуди вчерашниот инцидент.
-Ќе повторам дека сте идиоти кои нападнаа се па дури и театарска претстава. Сакате да дискредитирате се и секого. Тероризирате една улица и цел град со вашите фрустрации создадени од недостаток на владеење. Тероризирате и навредувате свој народ со убедувањето дека вие и само вие, и никој друг, треба да одлучува што е добро за оваа земја и овој народ. И сега сакате и забавата на народот да му ја убиете труејќи ја публиката во театарот, напиша актерот Тони Михајловски на својот ФБ профил.
Михајловски на “герилците“ од протестирам вели дека упаднале во театарот и храбро во мракот ја покажавле својата немоќ и фрустрација, храбро нема што.
– Вие станавте центарот на претставата и како терористи сакавте да ги заробите и публиката и актерите. “Културни терористи” секако. Све градски деца. Украдовте туѓ труд за да привлечете внимание. Чинам дека имаше и троа колешки кои не и се ни до колена на Јелена Жугич од професионална гледна точка. Тие сигурно дошле да протестираат против талентот(битна ако не и најбитна сосотојка за секоја професија) кои тие го немаат. Нема дно дечки. Го пробивте одамна и веќе сте во свемирот но од другата страна на планетата, вели Михајловски.
Покрај тоа, реакција по инцидентот стигна и од Тетар Комедија. На соопштението е потпишана целата екипа на театарот и тоа: Зорица Нушева, Нина Деан, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Едмонд Сотир, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Крсте Јовановски, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Столе Мицов, Мирјана Ристов, Ева Скендеровска, Тања Мицков, Јелена Жугиќ.
-На нивните лица носеа маски и налепници со натписот ПРОТЕСТИРАМ и се однесуваа недолично, снимаа и фотографираа со нивните мобилни телефони, а при напуштање на салонот лепеа налепници и ги оставаа своите маски на сцената, додека претставата се одвиваше на сцена. Со овој чин таа организирана група не само што го прекрши Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, туку стори и едно поголемо злосторство, ја осквернави сцената како место на кое се разменуваат идеи, ставови, мислења, како легитимен начин на создавање еден театарски чин, а најстрашно од сè е што во таа организирана група има театарски работници кои би требало да ја знаат светоста на сцената и претставата и нејзиното значење во театарскиот живот. Со тоа што го нарушија нормалниот тек на претставата станаа цензори и не дозволија самата претстава да се случи онака како што авторите ја создале. “Протестот” не смее да биде упад во национална институција и личен протест против некого, бидејќи самата претстава е светост која што никој не смее да ја наруши. Нечиј личен став или омраза спрема некој, не смее да го загрози колективниот чин кој го твориме. Сите ние од ансамблот ја почитуваме секоја политичка определба и сечиј став, и функционираме по максимата дека театарот не е место на кое се бијат политички битки и не е место на кое публиката искажува револт спрема некој или нешто. Поголемиот дел од нас не сме политички определени и не сакаме да не мешаат во политички игри. Ако сте против политиката во театарот не носете ја на сцена. Секој напад врз Театар Комедија е напад лично врз нас, актерите. Театарот е храм на уметноста во кој ние живееме, велат од Театар комедија.