Актерката Џејн Фонда објави дека е боледува од рак

Американската актерка Џејн Фонда (84) објави дека боледува од рак и дека веќе започнала со хемотерпија.

Во своето јавно обраќање преку социјалните мрежи, актерката вели дека и е дијагностициран Не-Хочкинов лимфом, но и дека е среќна бидејќи се работи за рак кој може да се излекува.

Наведувајќи дека периодот на хемотерапија ќе трае шесеци, таа подвлекува дека нема да престане со својот климатски активизам.

Џејн досега ја доби битката со ракот на дојка и карцином на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)