Холивудската актерка Ен Хеч е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила во предградието на Лос Анџелес.
Како што пренесува „TMZ“, таа изгубила контрола над возилото и удрила во гаража. Случајните минувачи се обиделе да ѝ помогнат, но таа одлучила да продолжи да вози. По неколку секунди повторно удрила во друга куќа, а нејзиниот автомобил се запалил.
Се претпоставува дека возела под дејство на алкохол бидејќи во автомобилот било пронајдено шише. Полициската управа на Лос Анџелес не дала дополнителни информации за несреќата.
„TMZ“ наведува дека Хеч е моментално во болница и се наоѓа во критична состојба.
Актерката претходно без „влакна на јазикот“ зборуваше за своите пороци.
„Пиев. Пушев цигари. Се дрогирав. Бев зависна од секс. Правев сè што ми паѓаше напамет за да заборавам на срамот кој го чувствувам“, изјави Ен минатата година во интервју за „ABC News“.
Таа додала и дека нејзините лоши животни избори се последица на тоа што во детството била сексуално злоставувана од нејзиниот татко Доналд Хеч.