(ВИДЕО) Актерката Хелен Хант хоспитализирана по сообраќајна несреќа

Американската актерка наградена со Оскар, Хелен Хант, учествувала во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, по што итно била пренесна во болница, пренесува порталот TMZ повикувајќи се на полициски извори.

Инцидентот се случил во вторникот попладнето. Хант се наоѓала на задното патничко седиште во теренецот кој превртел откако друго возило му го пресекло патот.

Според информациите на порталот, 56-годишната Хант ја напуштила болницата неколку часа по несреќата без сериозни повреди. За ситуацијата на другите учесници во инцидентот нема информации.

Хант е најпозната по улогата во комичната серија „Луд по тебе“(Mad About You), за која доби по етири награди Еми и Златен глобус, Во 1998 година актерката го освои Оскарот за најдобра женска улога во романтичната комедија „As Good as It Gets“

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=nUb8bbbRCKk