Пејачката и актерка, 44-годишната Шонка Дукуре којаптос е прослави во улогата на блуз пејачката Биг Мама Торнтон во филмот за легендата Елвис Присли во режија на Баз Лруман, пронајдена е мртва во четвртокот во нејзиниот стан во градот Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, соопшти локалната полиција.
Дукуре била најдена во спалната соба од едно од двете нејзините мали еца, кое откако видело дека таа не одговара на неговите повици истрчало кај соседот по помош и повикале итна медицинска помош, соопшти полицијата.
Според првичното соопштение на полицијата во Нешвил, нема знаци на насилна смрт но ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Градоначалникот на Нешвил, Џон Купер, преку Twitter изрази сочувство до семејството на пејачката, додавајќи дека дипломирала на Универзитетот Фиск во градот кој со години го нарекувала свој дом.
Дукуре глумеше со Остин Батлер во улогата на Елвис Присли и Том Хенкс во улогата на полковникот Том Паркер во филмот „Елвис“ од оваа 2022 година.
Магазинот Variety оцени дека филмот „Елвис“ ја одбележува првата голема филмска улога на Шонка Дукуре, која инаку е родена во сојузната држава Северна Каролина. Во филмот се прикажани многу личности во американскиот музички свет, вклучувајќи го афроамериканскиот ритам и блуз изведувачка Вили Меј Торнтон. Во една од песните таа пееше дека ја нарекуваат „Големата мама“ затоа што тежи 300 килограми.