Актерот Дејвид Швимер со критика кон негирачите на сексуалните злосторства на Хамас на 7 октомври

Познатиот актер со еврејско потекло, Дејвид Швимер, кој постојано го поддржуваше Израел по нападот на Хамас на 7 октомври и ги критикуваше антисемитските инциденти кои се случуваа во американските универзитети, споделија извештај на Њујорк Тајмс за сексуалното насилство употребено врз жртвите на масакрот – и остро ги осуди оние што го негираат.

„Бев во Управниот одбор на Фондацијата за силување речиси 20 години“, напиша 57-годишниот актер на својот Инстаграм профил во петокот. „Ги запознав најневеројатните и најхрабрите луѓе во мојот живот преку оваа работа: деца, тинејџери, мажи и жени, кои не само што ги преживеаја најстрашните услови што може да се замислат – туку, со правилен третман и грижа, одбија да дозволат нивната траума да ги дефинира нив и продолжија да водат неверојатно здрав и продуктивен живот.

Според Швимер, за да се случи критичниот аспект на процесот на заздравување по таквите ужасни дејствија – и да се задоволи правдата против престапниците – треба да им се верува на жртвите.

„Без разлика на возраста. Без разлика на расата. Без разлика на полот. Без разлика на религија. Без разлика на сексуалната ориентација. Без разлика на националноста. Без разлика на образованието. Без разлика на економскиот статус“, напиша Швимер.

„Има неверојатни организации и поединци кои ги сметам за сојузници во оваа работа. Кои со години застанаа и се бореа за жртвите на силување и сексуален напад, барајќи правда – од кои многумина се и самите преживеани. А сепак, зошто толку многу одбиваат да веруваат – и покрај сите докази на камерата и во сведочењето – на жените, децата и мажите брутално нападнати од терористите на 7-ми октомври?“,  додаде тој

„Каде е нивниот бес? праша тој. „Во неделите и месеците што следеа, стана јасно дека нивниот активизам, нивното застапување е условно. Тие ќе се борат како пекол за СИТЕ жртви на сексуално насилство – освен ако не се Евреи“.
„За многумина од нив, негирањето дека тоа воопшто се случило е пригоден начин да се избегне сочувство и лична одговорност. Можеби овој напис конечно ќе ги натера да сфатат дека згрешиле и да се помират со нивната несвесна пристрасност“, напиша тој.
„Како што знаат – нивното одбивање да веруваат, повторно ги трауматизира преживеаните, како и нивните семејства, пријатели и оние од нас кои им верувале. Но, тие можат да го користат својот глас сега. И би било одлично да се знае кои се вистинските сојузници“, заклучи ѕвездата пред да сподели линк до написот на Њујорк Тајмс.