Караницата не била дел од филмско сценариот, актерот Вуди Харелсон удрил човек кој се залетал кон него во бар на покривот на хотелот „Watergate“ во средата вечерта во Вашингтон, објави американската полиција.
Шеесет годишната повеќекратно наградувана ѕвезда на серијата „Кафулето наздравје“ не е повредена во текот на инцидентот пренесува весникот The Washington Post. Полицајците соопштиле дека непознат маж ги фотографирал Харелсон и една од неговите ќерки, според весникот. Харелсон, според истиот извор, го замолил мажот да престане да ги снима.
Полицијата соопшти и дека мажот бил агресивен и дека се обидел да го зграпчи Харелсон за вратот. Не успеал во намерата, бидејќи актерот го удрил во лицето, според изјавите на очевидците.
Учесникот во инцидентот се вратил во својата хотелска соба откако бил совладан во борбата, соопшти полицијата. Сѐ уште не е обвинет за нападот. Не се очекува дека Харелсон ќе биде обвинет, пишува WP.
Харелсон во Вашингтон работи на претстојната телевизиска мини-серија „The White House Plumbers“, којашто се занимава со големиот скандал „Вотергејт“, наречен по истоимениот хотел за прислушување на политичките противници. Харелсон го толкува Еверет Хоувард Хант, човекот кој го организирал провалувањето во истиот хотел во кој Харелсон се степал во средата вечерта.