Американскиот 62-годишен актер Кевин Спејси обвинет е по четири точки за сексуално злоставување на тројца мажи, соопшти во четвртокот британскаот државно обвинителство CPS.
„CPS одобри кривичен прогон на Кевин Спејси по четири точки за сексуално насилство над тројца мажи. Воено е обвинет дека едно лице го присилил на сексуален чин без согласност“, изјави Роземари Енсли, директорка на криминалистичкиот оддел на CPS.
Додаде дека обвинувањата се „резултат на проучувањето на доказите коишто лондонската полиција ги собрала во истрагата“.
Делата коишто му се припишуваат на актерот се однесуваат на периодот од март 2005 до април 2013 година.
Лондонската полиција ја започнала истрагата откако примила кривични пријави против Спејси за сексуално насилство, коешто, меѓу другото, го извршил во лондонскиот кварт Ламбет, каде што е театарот „Old Vic“, чиј уметнички директор бил од 2003 до 2015 година,
Спејси последните години беше отстранет од повеќе холивудски проекти, откако се појавија обвинувањата за неговото насилничко однесување.
На почетокот од годинава престојуваше во Хрватска поради снимање на документарно-играниот филм „Беше еднаш во Хрватска“ на Јаков Седлар во кој го толкува ликот на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.