Американско-германскиот актер Кристијан Оливер (51), познат во филмскиот свет по улогата во новиот „Indiana Jones“, загина во авионската несреќа, заедно со двете ќерки Мадита (10) и Аника (12) како и пилотот кој управувал, објави британски Експрес.
Малиот авион се урнал во четвртокот во близина на островот Бекија, кој е дел од Ст. Винсент и Гренадини.
Застрашувачкиот момент е фатен на камера и споделен на социјалните мрежи, додава британскиот портал.
Едномоторниот авион полетал од блискиот аеродром и летал за Света Луција кога наишол на проблеми и се урнал во океанот. Пронајдени се телата на четири лица.
Меѓу другото, Оливер е познат по неговите улоги во филмовите „Speed Tracer“ и „Valkyrie“.