Полицијата на Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада, во вторникот го уапсила и привела актерот ѕвездата на филмот „Танц со волците“ (Dances With Wolves) Нејтан Ли или како што го нарекувале Чејзинг Хиз Хорс, кој станал наводен култен водач, обвинет за сексуални напади врз млади домородни девојки во периодот од две децении, објави агенцијата Associated Press повикувајќи се на полициските документи во кои имала увид.
Нејтан Ли „што си го брка коњот“, бил приведен во попладневните часови во близина на неговиот дом во Северен Лас Вегас, во кој, како што наведуваат медиумите, живеел со своите пет сопруги. Припадници на специјалните полициски сили биле виден како во вечерните часови во вторникот го обезбедувале неговиот имот додека детективите вршеле претрес.
Прославен по улогата на младиот припадник на индијанското племе Сијукси, Нејтан Ли стекнал влијание меѓу племињата во САД и Канада, како ткн „исцелител“ или „свет човек“ формиракој изведува церемонии за исцелување и организирал спиритуални собири на коишто, како што тврди полицијата, ја користел својата репутација и позиција да ги злоупотребува младите девојки на домородните Американци.
Обвиненијата така вклучуваат трговија со луѓе со цел за сексуална експлоатација на деца под 16 години и сурово постапувања со деца.
Неговото апсење е крај на повеќемесечната истрага која започнала откако полицијата добила дојава во октомври 2022 година. Според налогот за претрес на Нејтан Ли на 50 страници, се верува дека тој бил водач на култот познат како „Круг“ (The Circle).
Според документот на кој се повикува агенцијата, полицијата во Лас Вегас идентификувала најмалку шест наводни жртви и открила сексуални обвинувања против „Chasing Horse“ кои датираат од раните 2000-ти во повеќе сојузни држави, вклучувајќи ги Монтана, Јужна Дакота и Невада, каде што живеел околу една деценија.
Нејтан Ли е роден во резерватот Роузбад во Јужна Дакота, каде живеат Сикању Сијукс, едно од седумте племиња на нацијата Лакота. Според документите, тој бил протеран во 2015 година од резерватот Форт Пек во Поплар, во државата Монтана, поради наводите за трговија со луѓе.