Активист ќе испрати балони со филмот „Интервју“ во Северна Кореја

Активист од Јужна Кореја најави дека денес кон северниот сосед ќе испрати балони со цд-а од филмот „Интервју“ за да се разбие култот на личноста на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Филмот поради кој компанијата Сони беше мета на хакерски напади на карикиран начин го прикажува наводното планирање на атентатот врз Ким Џонг Ун. Северна Кореја негираше дека е одговорна за нападите и вети дека ќе се одмазди доколку поради тоа биде казнета.

По одложувањето на премиерата поради хакерските напади, оваа комедија на првиот ден од прикажувањето во САД заработи милион долари.

Активистот Парк Санг Хок изјави дека на крајот на јануари ќе почне со балони да пушта 100 000 цд-а и usb мемории на кои ќе биде снимен спорниот филм.

Во овој потфат ќе му помогне и непрофитабилната Фондација за човекови права со седиште во САД, која ќе го финансира умножувањето на филмот на DVD I USB со корејски превод.

фото: Poslovni.hr