Активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источна Македонија се повикуваат на распит?

Владеачката партија СДСМ во изминатиов период пред изборите и за денот на двата изборни круга ја искористија целата државна машинерија, со која дојдоа до победа на овие избори. Изборите кои се одржаа пред две недели и вчера не се признаени од две парламентарни партии, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците на Зијадин Села, додека уште една парламентарна партија, Беса, бара предвремени парламентарни избори. Како еден од белезите на овој изборен процес во Македонија сигурно ќе остане целосното активирањето на полицијата во партиски цели на СДСМ, пишува Курир.

Според информации на Курир, користењето на полицијата во партиски цели за СДСМ не заврши со завршувањето на изборите, владеачката партија повторно го користи МВР, со кое раководи потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски, за свои цели. Во текот на вчерашниот ден, но и денеска во полција се повикуваат активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источниот дел на Макдонија, од градовите Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, од општините Чешиново и Облешево.

Во полициската станица во Кочани се повикан- повеќе лица, кои важат за симпатизери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, врз кои полицијата врши притисоци, пишува порталот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера не ги призна овие локални избори, кои ги прогласи за најнедемократски досега во Македонија, а како еден од примерите дека овие избори се далеку од фер и демократски е фактот, што според него СДСМ, за овие избори си ја стави полицијата во целосен партиски погон. Груевски кажа дека во училиштето „25 Мај“ во скопски Синѓелиќ припадници на полицијата отворено агитирале да се гласа за СДСМ.

-Во Општина Македонска Каменица денес припадници на полицијата заедно со братот на кандидатот за градоначалник на СДСМ кој не е вработен во МВР, запиреле возила на патот кон селото Дурлица и ги пропуштале само оние кои изјавиле или ги препознале дека носат гласачи на СДС. Во Општина Нопваци припадници на полицијата заедно со активисти на СДСМ и директорот на битолскиот затвор вршеа притисок врз гласачи. Им велеле дека доколку не гласаат за СДСМ, цитирам „Ќе ве снајде лоша судбина“. Во Бутел, како што пренесоа медиумите, личниот телохранител на Заев заедно со припадници на полицијата вршеше притисок врз гласачите и правел тензија пред избирачкото место. Во Бутел видовме видео снимка каде советник од СДСМ, неуниформиран полицаец и активисти на СДС отворено се закануваат на граѓани со цел да не излегуваат на гласање. Групно гласање беше забележано во Сарај. Во кавадаречките села Дреново и Ваташа припадници на полицијата ги заплашувале граѓаните да не излегуваат на гласање. Во текот на денот претседателот на СДСМ во Кавадарци, пред избирачко место нападнал активист на ВМРО-ДПМНЕ кој бил набљудувач на избирачкото место. Виница денес никогаш не паметела повеќе полиција, вклучително и специјални полициски сили во полно вооружување како што тоа беше денес. Ова што се случуваше денес не не изненади затоа што целата изборна кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, дециден беше Груевски.