Три активни пожари во моментов има во земјава. Центарот за управување со кризи информира за актуелната состојба со пожарите.
1. Пожарот што започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево, е сѐ уште активен. На ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место.
2. Пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Општина Кичево, е сѐ уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гаснењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од с.Бачишта. Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.
3. Пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, е сѐ уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот е зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 ПП возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР.
Заради одалеченоста за полнење со вода на противпожарното ведро на хеликоптерот во текот на денот се излезе на терен за да се избере место – локација за монтирање на базен, што ќе биде соодветно за ниско слетување на хеликоптерот за полнење вода од монтажниот базен.