Литванската претседателка, Далија Грибаускајте, освоила најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори, но победникот ќе биде познат по вториот круг на 25 мај, покажуваат прелиминарните резултати.
Според прелиминарните резулати кои денеска ги објави Литванската изборна комисија, од 95 отсто од преброените гласови, актуелната претседателка освоила околу 45 отсто.
Нејзините главни ривали, социјалдемократот и член на Европскиот парламент, Зигмантас Балкитис и лабуристот Артурас Паулаускас, освоиле 14, односно 13 отсто од гласовите, пренесува АП.
Вториот круг од изборите ќе се одржи на 25 мај, кога се предвидени и изборите за Европскиот парламент.
Овие претседателски избори во Литванија се шести по ред, по осамостувањето на државата во 1991 година.