Оваа Влада е на раб да биде рекордер во злоупотреба на европското знаменце. За прекумерното користење на скратените постапки. Кој што иако колку што се сеќавам кога беше оваа иста партија СДСМ во опозиција токму тоа го критикуваше најмногу за претходната власт. И сето тоа за жал ќе влезе во последниот Извештај кој што го подготвува ЕК и тоа се лоши практики на власта кои што веднаш треба да прекинат, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.
Муцунски додаде дека треба да се почека Извештајот да излезе па тогаш да се коментира колку е полош од претходниот Извештај.
„Очекувам дека ќе има голем број критики поврзани со состојбите во Собранието, поврзани со високата корупција, поврзани со водењето на правото. И практично веројатно во Извештајот ќе е нотирано дека истите тие проблеми кои што ги имаме години наназад остануваат, повлече Муцунски.
Муцунски посочи дека нема напредок воопшто во правото и правосудството.
„Мислам дека нема напредок, од две гледни точки, прво, нема напредок во делот на законодавство. Да се вратите во овој парламентарен состав, ќе видите дека не е донесено ниту една суштинска законска промена во делот на реформата во правосудството“ рече Муцунски.
Укажа дека Македонија нема квалитетен правосуден систем откако Заев е на власт. За жал има селективни постапки што се отвораат во степен на истрага но има многу мал број на обвиненија.
„На Македонија под итно и е потребна промена на Законот за кривична постапка, реформа на казнениот Законик. На Македонија и е потребно носење на граѓански Законик за кој што се зборува долго време. Не се отвора ниту збор за овие прашања“, појасни Муцунски.
Муцунски додаде дека оваа Владаа живее на „ќе“, секојдневно се слуша „ќе“ има реформи, „ќе“ има добар закон но ништо од тоа „ќе“ не се реализира.