Акупунктурата е третман при којшто во кожата се вметнуваат многу тенки, специјални, стерилни игли со цел да се третираат различните психофизички состојби и да му се помогне на телото да го постигне соодветниот баланс.
Во Кина истата се користи повеќе од 2000 години, а популарноста во западниот свет и се зголемува после 1970 год. Во изминатите 30 години се направени значајни научни проучувања во оваа област коишто придонесуваат да се разбере принципот на нејзиното делување.
Со овие проучувања до одреден степен е докажана ефективноста на акупунктурата и поради тоа се почесто се користи во конвенционалната медицина. Акупунктурата е широко употребувана како третман во клиниките и голем број од здравствените работници низ целиот свет им ја препорачуваат на своите пациенти. Од неодамна оваа метода успешно се применува и во спортскиот центар „СИНЕРЏИ“
Веќе две години од кога го завршив првиот курс по медицинска акупунктура, како лице за односи со јавноста во Здружението на физиотерапевти на Р.М. организиравме курс со тоа што повикавме тренинг центар од Лондон за да ни го одржат курсот и со тоа се стекнав со интернационална лиценца. По завршувањето веднаш почнав да работам бидејќи многу ме фасцинираше фактот дека има позитивен резултат кај многу заболувања. И веќе година и пол го применувам во Синерџи. Вториот курс по медицинска и традиционална кинеска акупунктура, благодарение на МОК кои беа иницијатори да продолжам со мојата едукација во одност на тоа поле ми овозможија да го посетам овој курс кој се одвиваше во Софија и траеше една недела и уште подлабоко да навлезам во оваа област, вели Ристова Надица, физиотерапевт во synergyfitness.com.mk
Според традиционалната Кинеска филозофија, човековото здравје зависи од состојбата на енергијата наречена Чи која се движи низ телото и е одговорна за сите, како физички така и психички, емотивни, духовни и ментални состојби. Недоволниот, небалансираниот или прекинат проток на Чи може да доведе до болест. Протокот може да биде нарушен од голем број на емоционални, ментални и физички фактори (траума, диета, инфекции или климатски промени). Чи се движи низ телото по „мередиани“ или канали. Иглите се вметнуваат на специфични точки на каналите со цел да се корегира протокот на Чи и да му се помогне на телото да се балансира.
Акупунктурата се применува речиси за се, за акутни, хринични заболувања, за подобрување на функцијата на нервно-мускулниот систем, за ментално здравје, за гениколошки болести, настинки, за воспаленија, за заболување наа внатрешните органи, релаксација и уште мн други, вели Надица.
Западната медицинска акупунктура го комбинира традиционалното кинеско знаење и искуството од научните познавања на анатомијата, заедно со принципите на медицината базирана на докази. Помалку значење се дава на Чи, додека главниот акцент се става на стимулирање на нервниот систем. Последните проучувања сугерираат дека со вметнувањето на игли на специфични точки, телото ослободува голем број на невромедијатори и хормони. Според досегашните познавања со акупунктурата првично се афектира нервниот систем, кој покрај испраќањето на сигнали преку нервните клетки исто така реагира и со ослободување на различни биохемиски супстанци коишто влијаат и на другите клетки во телото.Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира (сегментна акупунктура).
Доколку се работи за хронични заболувања имам потреба од нсимка каде ќе се види скруктурата на коските и меките ткива, исто за посериозна проблематика веднаш ги упатувам до соодветен лекар, но кога се работи за моментално опуштање релаксација, намалување на стрес или ако видиме дека не е нешто што треба да се крева паника работиме и без додатни испитувања. Во последните години веќе е крената свеста на народот за алтернативната медицина бидејќи луѓето како и секогаш сакаат брз резултат и долготраен ефект а тоа може да се постигне со алтернативната медицина во која спаѓа и акупунктурата, мило ми е што се почесто има заинтересираност за овој начин на лекување. Но, имаме и луѓе кои имаат фобија од игли и се плашат па нив им помогам со акупресурата која има речиси сличен ефент како и акупунктурата но тоа се работи само со притисок на тригер точките и акупунктурните точки и исто така доста намалува болка, објаснува Надица.