На 10 јуни ќе биде отворен Аква паркот кој работи во склопот на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Посетителите и оваа сезона ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.
Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.
Билетот ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезницата за деца под 13 години ќе биде 200 денари, а влезницата за деца под 4 години бесплатна. За групни посети над 30 лица ќе има попуст од 30 проценти.
Во рамки на аква-паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.