Сезоната на ноќно капење во Аква парк, Пробиштип започнува овој петок, на 20 јуни. Голем огномет и многу сценски ефекти од 22 часот во петок ќе го означи стартот на ноќните забави во Аква парк Пробиштип.
Во музичкиот дел присутните ќе ги забавуваа битолскиот фанки бенд во живо, Кантри диџеј како и диџеј Цобе.
Аква паркот во Пробиштип секој викенд во текот на целата сезона ќе овозможи забави со ноќно капење и гостување на познати бендови, пејачи и диџеи.
Билетите се во препродажба по цена од 100 денари на билетарата на Аква паркот. Пред настанот ќе чинат 150.