Ал Итихад нуди 150 милиони евра за Салах

Челниците на саудиски Ал Итихад се подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра за египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах, пренесуваат британските медиуми.

Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул постојано негираа дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.

CBS Sports тврди дека раководството на Ал Итихад како главна цел го поставила ангажманот на египетската репрезентација до крајот на преодниот рок, односно до 20 септември.

Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 108 милиони евра, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 54 милиони.

Триесет иедногодишниот Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година од Рома, а за англискиот клуб одигра 307 натпревари и постигна 187 голови.