Лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда понуди три милиони евра за главата на Асад. Покрај трите милиони евра за главата на Асад, Ал Каеда нуди и два милиони евра за убиството на лидерот на либанското радикално шиитско движење Хезболах.
Во аудио пораката објавена во понеделникот, Абу Мухамед ел Џулани вети дека ќе плати „три милиони евра на оној што ќе го убие Асад и на тој начин ќе го заврши неговото владеење“.
Уште колку муслиманска крв треба да се пролее поради еден човек што сака власт? Колку долго муслиманите треба да чекаат за да ги остварат своите права, прашува Ел Џулани во пораката и додава дека наградата ќе ја даде ако Асад биде убиен и од членовите на неговото семејство, наведувајќи дека потоа ќе го штити убиецот.
Ел Џулани исто така понуди два милиони евра за главата на лидерот на Хезболах, Хасан Насрлах, дури и ако го убијат неговите шиити. Хезболах упати неколку илјади свои борци во Сирија кои се борат на страната на Асад. Повеќе од 240.000 луѓе го загубиле животот од почетокот на граѓанската војна во Сирија од март 2011-тата.