Ал Каеда повика да се напаѓаат амбасадите на Шведска и Данска

– Ал Каеда повика на напади на амбасадите и да се убиваат шведските и данските дипломати ширум светот откако изминатите месеци беа запалени неколку копии од Куранот во двете скандинавски земји.

Советникот за национална безбедност на Шведска, Хенрик Ландерхолм изјави дека има знаци на „зголемена закана“ за земјата и за шведските интереси во странство.

И покрај тоа што слободата на говорот е заштитена со Устав во Шведска и во Данска, земји кои се меѓу најлибералните и најсекуларните во светот.

Но, Стокхолм и Копенхаген пред неколку дена сигнализираа дека истражуваат законски можности за ограничување на демонстрациите.

– Ќе најдеме правен инструмент кој ни овозможува да го спречиме палењето на Куранот пред странските амбасади, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Додека шведскиот премиер Улф Кристерсон наведе дека Влада „веќе почнала да ја анализира правната ситуација, вклучително и Законот за јавен ред со цел да го истражи опсегот на мерките што ќе ја зајакнат националната безбедност“.