Конфликтите во Појасот Газа не престануваат, додека целиот свет бара да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт.
Како што пренесуваат странските агенции, има многу цивилни жртви, особено на страната на Палестинците, каде загинаа повеќе од педесет деца. Зградите на палестинска територија паѓаат од израелски ракетни напади и се срамнети со земја.
Според последните информации, военото крило на Хамас, односно бригадата „Ал Касам“, објави дека го предупредиле Израел да го насочи нивниот воен брод, кој се наоѓа покрај брегот.
„Израелски воен брод во близина на брегот е на нишан на ракета“, соопшти бригадата.
„Ние започнавме силен ракетен одговор, како реакција на непријателската дива агресија врз народот во Газа, како и на континуираната агресија врз нашиот народ“, се вели во соопштението на бригадата „Ал-Касам“, која е основана во 1991 година и која од своето постоење константно изведува напади врз израелски цели.
(МИА)