![nur al maliki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/nur-al-maliki.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Премиерот на Ирак, Нури ал Малики, кој владее во изминативе 8 години, доцна синоќа изјави дека му ја препушта оваа функција на НХајдер ал Абадиј и додаде дека донел одлука на основа на своите желби да ги чува интересите на земјата и дека не сака да биде причина за крвопролевање.
„Ќе останам како борбен војник да ги бранам интересите на Ирак и неговиот народ“, изјави Ал Малики.
Ал Малики, кој е претставник на шиитската заедница, со недели настојуваше да го задржи премиерското место и во третиот четиригодишен мандат, а неговите противници го обвинуваа дека од власта сака да создаде монопол со политичката програма која ја спроведувал, а преку која ги оттуѓил сунитите.
Притисокот се зголемил кога претседателот на Ирак Фуад Масум на предлог на шиитскиот политички сојуз за премиер го предложил Ал Абади.