![al-pacino-nur-960x538](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/al-pacino-nur-960x538.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Ал Пачино чека дете со девојката Нур Алфалах (29), која е бремена во осмиот месец. Оскаровецот и Алфалах се во врска од април 2022 година, а последен пат беа видени заедно минатиот месец во отмениот ресторан „Е Балди“ во Лос Анџелес, пишува Дејли Мејл.
83-годишниот Пачино е татко на три деца со две сопруги: ги дели 22-годишните близнаци Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино со Беверли Д’Анџело и Џули Пачино со Јан Тарант.
Веста за бременоста се појави истиот месец кога и Роберт де Ниро објави дека го чека седмото дете со девојката Тифани Чен.
Парот се уште не открил дали ќе има син или ќерка, а идната мајка на неговото четврто дете е 54 години помлада од легендарниот актер.