Ал Пачино за алиментација за детето ќе плаќа 30.000 долари месечно

Славниот актер во 83-та година го доби синот Роман со 54 години помладата Нур Алфалах договорија околу старателството над детето, според кој е одредено колку пари месечно ќе издвојува за најмладиот наследник.

Месечниот износ е 30.000 долари, а оваа бројка би можела да се зголеми според неговата годишна заработка. Судските документи открија дека Ал Пачино и Нур Алфалах, кои во јуни го добија синот Роман, постигнале договор за ова важно прашање.

Ал Пачино ќе плаќа 110.000 долари однапред и договорени 30.000 долари месечно како основна детска поддршка. Тој, исто така, ќе треба да уплаќа 15.000 долари годишно во образовниот фонд на детето и би можел да плати дополнителни 90.000 долари на крајот на годината, во зависност од приходот.

Актерот ќе плаќа и 13.000 долари месечно за медицинска сестра која ќе помага со бебето во текот на ноќта, а ќе ги покрие и сите медицински трошоци кои не се покриени со осигурувањето.

Двајцата имаат законско старателство над синот, Нур доби примарно физичко старателство, а актерот има право да го гледа момчето кога ќе посака. Двајцата родители заедно ќе одлучат како Роман ќе ги помине празниците, двајцата ќе одлучуваат за неговото школување и присуство на воннаставни активности, пишува TMZ.