Ал-Раџи и Сандерс победници на годинешното рели Дакар

Саудиецот Јазид ал-Раџи (Овердрајв) во категоријата автомобили и Австралиецот Даниел Сандерс (КТМ) во категоријата мотоцикли се победници на годинешното издание на релито Дакар што се одржа во Саудиска Арабија.

Ваквиот расплет беше очекуван, со оглед на тоа што последната, 12-та етапа беше и најлесната на целото рели со само 61 километар специјални етапи, па ал-Раџи стигна до победа со време од 3:57 минути подобро од второпласираниот Југ. Африканецот Хенк Латеган (Тојота), или 20:21 минути од третопласираниот Швеѓанец Матијас Екстром (Форд).

Како клучна се покажа претпоследната 11-та етапа, во која го прескокна Латеган и имаше огромно водство од 6:11 минути пред последниот тест.

За Ал Раџи ова е прв триумф на Дакар, а најдобар финиш досега беше третото место во 2022 година.

Сандерс го постигна и својот прв триумф на Дакар, 8:50 минути пред второпласираниот Шпанец Тоша Шареина (Хонда) и 14:46 минути пред третопласираниот Французин Адриен Ван Беверен (Хонда).