Американската држава Алабама се подготвува да употреби нов метод за извршување на смртната казна, задушување со азот.
Доколку федералните судови дадат конечно зелено светло, откако Врховниот суд одби да го запре првото американско погубување со задушување со азот, Алабама планира подоцна во четвртокот да го воведе првиот судски метод за егзекуција од воведувањето на смртоносната инјекција во 1982 година. Нов метод е задушење со помош на азот.
Извршителите од казнено-поправниот одделот во Алабама ќе прицврстат на лицето на затвореникот комерцијално направена индустриска заштитна маска за дишење прцврстена на канистер со чист азот под притисок со намера да го лишат од кислород.
Кенет Јуџин Смит е осуден на смрт пред 35 години. Тој требаше да биде погубен минатата 2023 година, но смртоносната инекција не успеа, бидејќи не можеа да му ја погодат вената. Сега планираат да го усмртат со азот, што би било првпат досега.
Државниот обвинител на Алабама, Едмунд Лакур, минатата седмица им рече на федералните судии дека оттогаш државата го развила „најбезболниот и најхуман метод на егзекуција којшто му е познат на човекот“.
Внимателно се следи моментот, со импликации и за другите сојузни држави кои ја практикуваат смртната казна, но и за дел од јавноста што сака да ја прекине таа практика. Компаниите кои произведуваат маски, канистри со азот и друга опрема потребна за новиот метод, исто така, внимателно го следат овој случај.
„Ако оваа егзекуција биде успешна, ќе видиме азотна хипоксија распространета низ целата земја“, изјави за медиумите свештеникот Џеф Худ, духовен советник на Кенет Смит, кој во 1988 година беше осуден за убиство на Елизабет Сенет. „Ако не биде успешна, Кени ќе има ужасни болки, но ќе го запре маршот на азотна хипоксија во другите јурисдикции“, додаде Худ.
Оклахома и Мисисипи, исто така, одобрија слични протоколи за задушување со азот во последниве години, но допрва треба да ги спроведат.
Адвокатите на Смит не се согласуваат и бараат судска наредба да се запре вториот обид за егзекуција, закажан за четврток во 18 часот.