Алаѓозовски му ја предаде министерската функција на Адеми

Асаф Адеми официјално стапи на функцијата министер за култура. Досегашниот министер Роберт Алаѓозовски денеска му ја отстапи фотелјата на Адеми кој доаѓа од Беса. Новиот министер на примопредавањето на должноста дојде во придружба на актерот Висар Вишка.

Пратениците го изгласаа Адеми за нов министер на седница во петокот. Со реконструкцијата на Владата е опфатено и Министерството за правда. Претходниот министер Билен Салији кој поднесе оставка попладне ќе ѝ ја предаде функцијата на Рената Дескоска, која досега беше министерка за образование.