
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски вечер ќе присуствува на отворањето на 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Како што соопшти Министерството за култура, Алаѓозовски денеска ќе ги посети и културните установи во Прилеп, ќе оствари средби со претставници на ансамблите поддржани од државата, како и со претставници на независната културна сцена.
– Министерот ќе ја искористи оваа посета за одблиску да се запознае со состојбите во културата во овој град и регион. Посетата ќе започне со оддавање почит на хероите од НОБ кај споменикот „Могила на непобедените“, а освен тоа ќе се изврши увид и во состојбата на други објекти и обележја, кои се дел од културното и историското наследство на земјата, информира Министерството за култура.