“Биг Сем” смета дека неговиот нов тим може да обезбеди опстанок во англиската фудбалска елита и дека ќе се обиде го “живне” во наредниот период.
Сандерленд е клуб што секогаш се бори до крајот и знае како да обезбеди опстанок. Го правеле тоа и порано. Сега јас сум дел од овој тим и верувам дека можеме тоа да го сториме повторно. Има уште многу да се игра до крајот на оваа сезона и сигурен сум дека многу брзо ќе почнеме да победуваме, изјави Алардајс.
Сандерленд засега се наоѓа на претпоследното место на табелата во Премиер лигата, со само три освоени бода од осум кола и заедно со Њукасл е единствениот тим кој нема остварено ниту една победа.