Алармот на „ТТК Банка“ во Кавадарци беше „виновен“ за неуспешниот обид за оружен грабеж од страна на две маскирани лица.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, две маскирани и вооружени лица се обиделе да извршат разбојништво на вработените, но откако се вклучил алармот без да ги земат парите се дале во бегство.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.