Најавата за политичка криза од страна на ДУИ е поради тоа што тие не можат да се помират со фактот дека од викендов ќе се опозиција, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во гостување во „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.
„Албанците покажаа незадоволство од владеењето на ДУИ и всушност не се иселуваат само Македонци, туку и Тетово и Гостивар се празнат и тоа покажува дека не се задоволни од состојбата, политиките, економијата од било кој ресор од досегашната Влада”, истакна Пешевска.
Во однос на одговорноста за криминал и корупција во државава, таа укажа дека кога некој би одговарал тогаш ќе се запраша некој дали ќе прави криминал.
„Кога во државава криминалец би одговарал тогаш секој би се запрашал дали ќе биде криминалец. Не може на 21 година младич да поседува трговски центар за сметка на сите други 21 годишници кои немаат пари за студии и одат во странство за подобар животен стандард”, рече Пешевска.
Таа укажа дека на граѓаните сето ова им е смачено и они сакаат да видат реформи и промени затоа што и претхофно се ветуваа, а не се исполнуваа.