Албанец од Македонија припадник на исламистичка група загина во Сирија од снајпер

Албанскиот терорист Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал Албани, е убиен во северна Сирија.Tерористот бил убиен од снајперист на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб.

Беља беше еден од командантите на албанската група, која се бореше против сириската војска на северот на земјата.

Беља дојде во Сирија од  Македонија во 2013 година и се приклучи на албанската група основана од Абу Катада ал-Албани.

Тој прво се борел за Исламската држава, а потоа пребегнал во оперативната група Хајат Тахрир ал-Шам, исламистичка група која била создадена со „ребрендирање“ на Ал Нусра.

Провинцијата Идлиб се наоѓа на северозапад од Сирија, и е последното големо засолниште на џихадистичките групи во Сирија.

https://twitter.com/MohamadDaba9966/status/1754729447310164151?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1754729447310164151%7Ctwgr%5E5ba9f6d097a64e459cf496b0179eda600bf2a2bd%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Falbanec-od-makedonija-zaginal-na-frontot-vo-sirija%2F